Алтернативниот едукативен центар Алт Скул е установа за неформално образование за деца и возрасни.

Идејата на Алт Скул е потребата од квалитетна воннаставна програма која ќе им овозможи на посетителите да го надградат своето знаење или да се стекнат со нови знаења и вештини во зависност од програмите кои ќе ги одберат.

Нашиот стручен тим користи соодветни техники за полесно совладување на материјалот на забавен начин преку интеракција со учениците со цел полесно да се совлада материјалот.

Кабинетите се опремени со соодветни наставни помагала и нудат удобна средина за престој и учење.

Образованието е клучен фактор во професионалниот развој на секоја личност, а нашата цел е заеднички да постигнеме квалитетни и успешни резултати.