ПРЕВОЗ УЖИНА ЗА ДЕЦА СЕРТИФИКАТ

Одделенски наставник:
Душица Велкова

Во наставната програма за дневен престој и настава се опфатени ученици од I до V одделение.

Алт Скул, нуди дневен престој каде што децата од училишна возраст ќе можат квалитетно и корисно да го поминат своето време пред и по завршувањето на училишните часови.

Во дневниот престој нашиот стручен тим нуди помош при учење и совладување на наставните содржини работени на училиштето, помош при пишување на домашните задачи и подготовка за наредниот училиштен ден, подготовка за тестови, исто така со посебно внимание на секое дете се разработуваат темите за коишто детето има тешкотии да ги совлада, каде нудиме и дополнителна работа со ученици кои заостануваат во совладувањето на наставниот материјал.

Со програмата за дневен престој ви нудиме вашето дете континуирано,
секојдневно и со помош на стручен наставен кадар да ги завршува училишните обврски.
Со помош на нашиот стручен тим вашите деца ќе бидат вредни, одговорни, успешни и
секогаш подготвени за нови знаења и предизвици во текот на учебната година .

Пријатна, опуштена и пријателска атмосфера е клучна за добрите резултати на учениците.

По завршувањето на училишните обврски, децата се слободни за најразлични активности и квалитетно да поминат време со родителите.

Во наставата за дневен престој се опфатени сите предмети кои се учат на училиште освен странските јазици.

Пакетите за посетување на дневниот престој се прилагодени според Вашите потреби и тоа:

  • 4 часа неделно (по два часа два работни дена) 1.500 денари месечно
  • 6 часа неделно (по два часа три работни дена) 2.100 денари месечно
  • 10 часа неделно (по два часа секој работен ден) 2.600 денари месечно
  • 20 часа неделно (по четири часа секој работен ден) 4.200 денари месечно

Во цената е вклучен транспорт на учениците од Алт Скул до ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Владо Кантарџиев“ и обратно.

За време на дневниот престој во Алт Скул учениците добиваат ужинка.