Наставен кадар

ОПИС НА КУРСОТ

Изучувањето на англискиот јазик во Алт Скул започнува од 5 годишна возраст и продолжува степенувано во повисоки нивоа на знаење.

Сите програми по кои се одвиваат курсевите се одредуваат на почетокот на учебната година и во текот на изучувањето се комбинираат со материјали од останати извори, се со цел поголема интерактивност и внесување живост во процесот на учење.

Карактеристика за пониските нивоа е методот Учење низ игра  каде што низ игрив начин децата се воведуваат во основата на јазикот, се усовршува слухот, формирајќи позитивен став и љубов кон англискиот јазик.

Комуникацијата наставник- ученик во поголемиот дел од часовите се одвива на англиски јазик, со што се поттикнува мотивацијата, љубопитноста, интересот и желбата за учење и докажување.

Наставата се одвива во мали групи од 2 до 8 ученици.

По завршувањето на курсот, сите посетители добиваат диплома за завршен курс и имаат можност за упис на повисок степен.

Пакет:
Два пати неделно по 60 минути- 900 денари (деца)