Наставник

ОПИС НА КУРСОТ

Изучувањето на францускиот јазик во Алт Скул започнува од 7 годишна возраст и продолжува степенувано во повисоки нивоа на знаење.

Сите програми по кои се одвиваат курсевите се одредуваат на почетокот на учебната година и во текот на изучувањето се комбинираат со материјали од останати извори, се со цел поголема интерактивност и внесување живост во процесот на учење.

Карактеристика за пониските нивоа е метото Учење низ игра  каде што низ игрив начин децата се воведуваат во основата на јазикот, создавајќи љубов кон францускиот јазик.

Наставата се одвива во мали групи од 2 до 8 ученици.

По завршувањето на курсот, сите посетители добиваат диплома за завршен курс и имаат можност за упис на повисок степен.

Пакет:
Два пати неделно по 60 минути- 1.000 денари