Денес нашиот едукативен центар официјално започна со новата учебна година. Први кои денес ги одработиа часовите беа дел од учениците од дневниот престој кои во релаксирана и опуштена атмосфера се дружеа, креираа и пишуваа. Насмевките на нивните лица и возбудата што се дел од Алт Скул беше тешко да не се забележи. Времето ни помина многу брзо, но пред нас е цела учебна година во која имаме уште многу да научиме, да се забавуваме, да другаруваме.

Распоред на важни тековни настани:

Наградни игри:

Две наградни игри се во тек, освојте една од нашите вредни награди:

  1. Секој запишан ученик учествува во извлекување кое ќе се одржи на 11-ти септември.

    Прва награда: бесплатен курс по германски јазик за деца (цела учебна година)
    Втора награда: бесплатен курс по англиски јазик за деца (цела учебна година)
    Трета награда: таблет ST

  2. Секој кој ќе сподели јавно фотографија од нашиот FB албум „Безброј причини зошто Алт Скул“ или целиот албум, учествува во извлекување каде што наградата е:

    Бесплатен курс по грчки јазик за деца (цела учебна година)

    Линк до албумот од кој треба да споделите фотографија (или цел албум) на FB

Уписи:

  • Почеток на курсевите по странски јазици: 11-ти септември.
    Уписи по странски јазици до 13-ти септември (англиски, германски, француски, шпански и грчки).
  • Уписи за IT курсеви до 30-ти септември (основни компјутерски вештини, основи на програмирање, FrontEnd програмирање и BackEnd програмирање).
  • Уписи во дневен престој

Ви посакуваме успешна учебна година. Ваш Алт Скул.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *