Детската еуфорија за новогодишните празници е огромна, а нивната желба да учестувуваат во подготовките за празникот е незаменлива.

Така, во последната недела од месецот декември во просториите на Алт Скул, се реализираа новогодишни креативни работилници. Сите уживаа во прекрасната празнична атмосфера.

Учениците своите кративни идеи ги преточија во многубројни новогодишни креации. Сите заедно се забавувавме и изработивме разновидни новогодишни украси, честитки, елки, новогодишни венчиња, боевме шишарки, игравме новогодишна меморија, составувавме снешко…

Во прилог ви пренесуваме дел од нашите креативни новогодишни крации изработени од вредните детски раце.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *