Почитувани, во овие тешки времиња на пандемија и вонредна состојба во државата, дпту „АТ СОЛУТИОНС“ дооел Гевгелија, под чија сопственост е брендот едукативен центар за деца и возрасни „АЛТ СКУЛ“, како општествено одговорна компанија, со цел активно вклучување на учениците во едукативни активности сме во процес на изработка на онлајн платформа „ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА“ за учење од дома и следење настава. Во моментов паралелно се работи на ажурирање на содржините и доработка на платформата која се’ уште не е во финална верзија бидејќи нашата главна цел беше што побрзо да ја доведеме во функционална состојба.

Како функционира нашата ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА?

Во виртуелната училница се поставени „курсеви“ за прво, второ, трето, четврто и петто одделение. Во секој курс содржините се поделени по предмети. Предметите освен лекции може да содржат и дополнителни материјали. Во секоја лекција, содржините се поставени како „тема“, „материјали“ или „квизови“.

Кој може да ја користи ВИРТУЕЛНАТА УЧИЛНИЦА и како?

Нашата виртуелна училница може да ја користи СЕКОЈ (ученици, наставници, родители)! За да ја користите виртуелната училница, не мора да сте ученик во АЛТ СКУЛ, не мора ни да се регистрирате на нашиот веб сајт (доколку сакате да имате евиденција кои лекции сте ги учеле, кои квизови сте ги решавале и да се споредувате со останатите во табела на шампионите, ќе мора да бидете регистрирани (едноставно со електронска пошта) и најавени) или едноставно само користете ги сите ресурси кои ви се на располагање и тоа бесплатно.

Ве молиме да не ни замерувате доколку наидете на некои програмски или содржински грешки (сигурни сме дека ги има и ќе ги исправиме наредните денови), во моментов е најважна функционалноста.

Отворени сме за соработка со сите Државни и приватни институции со цел заеднички да ја победиме неизвесноста.

Огромна почит и благодарност до целиот тим, а посебно за Наставничката Душица Велкова која деноноќно изминативе неколку денови беше ангажирана околу обезбедување и проверка на илјадниците материјали прикачени на платформата.

За да влезете во виртуелната училница, одберете ја во менито или кликнете тука.

…и не заборавајте! – ЗАВИСИ ОД СИТЕ НАС, ДА СЕДИМЕ ДОМА!!!

Со почит, Трајче Аврамов.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *