Летна школа 2020

Летото е период кога дел од нашето слободно време го користиме за да научиме нешто ново, да истражуваме, осознаваме, откриваме.
Ова лето одлучивме да ви понудиме едукативна летна школа која вклучува:
* курс за идни првачиња
* курс за ученици од I до V одделение.
Доколку сметате дека имате потреба од дополнителни училишни или забавни активности за време на летото придружете ни се и вклучете се во нашата летна школа заедно да го поминеме летото во секојдневна дружба, учење, социјализација, поттикнување на креативноста и љубопитноста кај децата.
Ви нудиме возбудливо и незаборавно доживување за вашето дете, исполнето со многу забава, едукација, интересни и невообичаени активности.
Едукативната летна школа за децата од претшколска возраст е богата со многубројни и интересни активности, збогатена со учење, правилно пишување и препознавање на броевите на креативен начин, учење и правилно пишување на македонската азбука, креативни и едукативни активности, цртање, боење, сликање, сечење, моделирање, правење експерименти каде децата со нивната вклученост во експериментите си ја зголемуваат љубопитноста и истражувачкиот дух. Тематските единици се внимателно избрани и ги воведуваат децата од познато кон помалку познато, на еден благ и прифатлив начин, со цел да се поттикне градење на позитивна слика и позитивни емоции кон училиштето. Поттикнување на децата на разговор, критичко и логичко размислување преку креативност и будење на детската фантазија, допринесува за полесна комуникација дете-наставник и дете-родител што претставува една од клучните елементи на активноста.
Едукативната летна школа за децата од прво до петто одделение овозможува децата од училишната возраст квалитетно и корисно да поминат дел од своето време. Со посебно внимание на секое дете, се разработуваат теми за коишто детето има тешкотии при нивното совладување, се овозможува на еден поинаков начин преку едукативни игри, логичко размислување, квизови и натпревари учениците полесно да ги совладата наставните содржини се со цел да се доближи материјалот до децата на интересен начин и прифатлив за нив. Текот на наставните единици е прилагоден на потребите на учениците и е во согласност со предзнаењата на учениците.
Пријатна, опуштена и пријателска атмосфера е клучна за добрите резултати на учениците.
Сите заинтересирани ученици имаат можност да бидат дел од нашата летна школа, прилагодена на препораките за заштита од COVID-19, водејќи грижа за образованието и воспитанието, водиме грижа и за здравјето на децата.
Ве очекуваме.
Нашата цел се среќни, успешни и задоволни деца. Ваш АЛТ СКУЛ!

Доколку се одлучивте, пополнете го следниов формулар:

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *