Во дневниот престој во Алт Скул работиме со деца од претшколска возраст од пет години до петто одделение.   

Кај децата од претшколска возраст ги градиме здравите навики, ја развиваме и негуваме креативноста на децата и го стимулираме логичкото размислување при решавање на проблеми. Со помош на нивната природна желба за игра и забава во Алт Скул ги учиме децата како да соработуваат меѓусебно и да си помагаат.                       

Душица Велкова
Одделенски наставник Душица Велкова

Кај децата од дневниот престој времето го поминуваме со пишување на домашните задачи зададени од училиште и се подготвуваме за наредниот училишен ден, нудиме помош при надминувањето на тешкотиите и проблемите во совладувањето на наставните содржини кај одредени предмети исто така се подготвуваме и за тестови.

Целта на дневниот престој  ни е децата да се дружат, да учат, а воедно да се подготвуваат  околу совладувањето и пишувањето на училишниот материјал кој ќе им овозможи подготвени, со голема љубопитност и интерес да зачекорат во новите училишни предизвици, бидејки нашата цел се успешни, среќни и задоволни деца.

Наставата се одвива во мали групи од 4 до 8 ученици. Работиме во една удобна и пријатна работна атмосфера со позитивна енергија, каде секогаш се трудиме да ги насочиме, да ги советуваме и да им помогнеме на сите наши ученици во надминувањето на тешкотиите во учењето и совладувањето на наставните содржини. Се трудиме смирено да ги решаваме проблемите со учениците, а со тоа им помагаме тие да се опуштат и полесно да го развијат љубопитство и интересот за наставните активности.

Во нашата работа поттикнуваме воведување различни техники и методи на групна работа, индивидуална работа и работа во парови, а притоа водејќи сметка да бидат задоволени потребите на нашите ученици.

Доколку сакате и вие да бидете дел од нашата успешна приказна, обратете се на некој од нашите контакт броеви, ве очекуваме.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.