Курсот по англиски јазик е достапен за деца почнувајќи од 4 годишна возраст односно претшколска возраст и продолжува до повисоки нивоа. Целта на овој курс е за љубителите на англискиот јазик, кој е всушност еден од најзборуваните јазици во светот, да се здобијат со знаење и искуства кои ќе им помогнат, како во нивното образавание, така и во нивниот живот.

Викторија Ќосева
Викторија Ќосева, наставник по англиски јазик

Наставната програма е однапред одредена и соодветно прилагодена за возраста и познавањето на учениците на јазикот. За најмалите и најмилите, односно за учениците од 4 до 7 годишна возраст, нудиме најнов курс на три нивоа – Пинг Понг. Преку интересни приказни, забавни песнички, лесни активности и разни игри ги усвојуваме најосновните делови на англискиот јазик т.е. азбуката, броевите, нов вокабулар и основни граматички структури.

За останатите наши драги љубители на англискиот јазик, нудиме одлична програма, СМАРТ на 6 нивоа, која овозможува темелно изучување и развивање на вокабулар, граматика и јазични вештини како зборување и пишување на англиски јазик. Наставата се одвива во мали групи од 4 до 8 ученици.

Во однос на методологијата, работиме така што секој час го правиме поразличен од другиот односно користиме различни методи на работа (индивидуална работа, група во парови или групна работа). Секој час вметнуваме мала доза и од технологијата односно со помош на дигитални алатки и електронски уреди совладуваме дел од потребните вештини. Учиме и работиме во атмосфера исполнета со “good vibes only” и сме секогаш тука да им помогнеме и насочиме нашите ученици.

На крајот од курсот, секој ученик добива диплома за успешно завршен курс и е едно скалило повисоко до врвот односно целосно совладување на англискиот јазик.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.