Децата се непроценливо богатство кое што треба да го негуваме и чуваме, извор на смеа и радост. Кога работиш со нив и истовремено тоа е работата што ја сакаш, тогаш и ти си среќен, исполнет, а кога постигнуваат успех се чуствуваш двојно повеќе мотивиран за секој нареден предизвик.

Нашата цел како одделенски наставници е:
– да се подржува сознајниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците;
– подигање на мотивацијата на учениците;
– обезбедување на високи постигнувања и успех;
– развивање на креативни вештини
– продлабочување и проширување на знаењата на учениците како и оспособување на ученикот како индивидуа да го применува стекнатото и тековно знаење во разни области од човековото живеење.
Со напорот кој го вложуваме за секој ученик индивидуално, очекуваме стекнатите знаења, умеења и вештини да им го подобри квалитетот на животот на учениците – дел од нашето училиште , кои гордо ќе продолжат да чекорат по животниот пат .
Ги оспособуваме децата да бидат независни и самостојно да одговораат на барањата, да развиваат критичко мислење и логичко заклучување, бидејќи само на тој начин може да стекнат вредности кои ќе им овозможат да се развијат во општествено одговорни граѓани и личности со самодоверба.
Тимската работа во пријатна атмосфера исполнета со љубов, почит и разбирање дава чувство на едно хармонично семејство, а позитивните вибрации се чувствуваат во секој атом од опкружувањето.
0 Comments