Суштината на еден успешен бизнис модел е да можеш со затворени очи да ја погледнеш целата приказна како целина, пред да почнеш да дејствуваш за реализација на истата.

Трајче Аврамов
Трајче Аврамов – основач, сопственик, директор

На самиот почеток од нашата приказна наречена Алт Скул, знаевме дека после 3 години максимално посветени на нашата работа ќе станеме број еден едукативен центар во Гевгелија. Благодарение на сите поранешни и сегашни инволвирани членови на нашиот тим и благодарение на вас нашите клиенти, создадовме бренд во алтернативниот образовен процес.

Иако сите членови од нашиот тим се со најмалку високо образование, нашата должност кон вас е и понатаму секојдневно да се надоградуваме технички и кадрово и да се дообучуваме и дообразуваме за да можеме секогаш да бидеме во чекор со времето, а со тоа нашата услуга постојано да биде на врвно ниво.

Не случајно сме избрани од стотици наши клиенти. Ние во Алт Скул достојно стоиме пред заедничкиот предизвик, а тоа е заштита, воспитување и образување на најмалите – нашата иднина.

Нашата цел не е квантитетот туку квалитетот, затоа работиме во прилагодени групи со индивидуален пристап кон секој ученик.

Опуштената работна атмосфера, пријателскиот однос помеѓу целиот тим ми дава чувство дека ја работам токму работата што ја сакам, иако сум по професија информатичар, а не менаџер.

Продолжуваме со исто темпо и во периодот кој следи, нема да застанеме овде, зошто ова не е нашата работа, ова е нашето задоволство. Ви благодариме што не одбравте, нема да ве изневериме.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.