И ова лето мислиме на вашите најмили!

Доколку сметате дека имате потреба од дополнителни училишни или забавни активности за време на летото придружете ни се и вклучете се во нашата летна школа заедно да го поминеме летото во секојдневна дружба, учење, социјализација, поттикнување на креативноста и љубопитноста кај децата.

Ова лето нашите активности ги поделивме на три сегменти и тоа:

Едукативната летна школа за децата од претшколска возраст

е богата со многубројни и интересни активности, збогатена со учење, правилно пишување и препознавање на броевите на креативен начин, учење и правилно пишување на македонската азбука, креативни и едукативни активности, цртање, боење, сликање, сечење, моделирање, правење експерименти каде децата со нивната вклученост во експериментите си ја зголемуваат љубопитноста и истражувачкиот дух.

Тематските единици се внимателно избрани и ги воведуваат децата од познато кон помалку познато, на еден благ и прифатлив начин, со цел да се поттикне градење на позитивна слика и позитивни емоции кон училиштето.

Поттикнување на децата на разговор, критичко и логичко размислување преку креативност и будење на детската фантазија, допринесува за полесна комуникација дете-наставник и дете-родител што претставува една од клучните елементи на активноста.

Наставата се одвива секој работен ден по два часа, а цената е 2.900 денари месечно.

Едукативната летна школа за децата од прво до петто одделение

овозможува децата од училишната возраст квалитетно и корисно да поминат дел од своето време.

Со посебно внимание на секое дете, се разработуваат теми за коишто детето има тешкотии при нивното совладување, се овозможува на еден поинаков начин преку едукативни игри, логичко размислување, квизови и натпревари учениците полесно да ги совладата наставните содржини се со цел да се доближи материјалот до децата на интересен начин и прифатлив за нив.

Текот на наставните единици е прилагоден на потребите на учениците и е во согласност со предзнаењата на учениците.

Наставата се одвива секој работен ден по два часа, а цената е 2.900 денари месечно.

Курс по англиски јазик по програмата Ping Pong на издавачката куќа Hamilton House Publishers

Курсот по англиски јазик по програмата Ping & Pong е наменет за најмалите слушатели – од 4 до 7 годишна возраст. Доколку вашето дете има интерес за правилно изучување на англискиот јазик низ забавен наставен материјал, со многу илустрации, по најсовремени светски наставни методи и техники, ова е вистинската можност да му го пополните летото со активности.

Курсот по англиски јазик се одвива два пати неделно по 1 час. Цената на курсот е 1.000 денари месечно.

За сите наброени активности, децата ќе бидат под надзор и водство на нашиот стручен наставен кадар кој безрезервно е посветен на остварувањето на нашата цел – успешни, среќни и задоволни деца и родители.

Уписите за нови ученици ќе траат до 01. јуни 2022 година или до исполнување на планираните капацитети.

Сметаме дека сте доволно запознаени со нашите секојдневни активности и начинот на кој работиме, а доколку не сте, слободно разгледајте ја нашата веб страница altschool.ats.mk
или на социјалните мрежи facebook.com/altschoolmk
и instagram.com/altschoolmk

Доколку веќе се одлучивте и одбравте некоја од нашите понуди, пополнете го следниов формулар.

Откако ќе кликнете на копчето „запиши ученик“ ќе ви излезе порака дека записот е успешно внесен. Доколку не ви излезе пораката за успешно запишување, ве молиме контактирајте не.

Доколку имате уште прашања, слободно побарајте не нанекој од нашите телефонски броеви:

076 448 996

078 448 990

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.