Информатичките и компјутерските технологии повеќе не се научна фантастика. Во нашето опкружување секојдневно се сраќаваме со компјутери или компјутеризирани уреди кои ни го олеснуваат секојдневието. Доколку имате желба да бидете еден од малкуте кои ја разбираат суштината на компјутерите и имате желба да станете програмери, графички дизајнери, 3D аниматори или само канцелариски работници и имате потреба од одредена компјутерска вештина ние може да Ви помогнеме. Нашите курсеви се специјализирани за повеќе подрачја од областа на информатичките технологии со чија помош ќе се здобиете со вештини за некоја од нај платените работни позиции во светот.
- Основни компјутерски вештини
- Вовед во програмирање
- Програмирање C, C++, Pascal, JAVA
- Објектно Ориентирано Програмирање JAVA, C#
- Бази на податоци
- Андроид Програмирање
- Роботика и САУР (Raspberry, Arduino)
- Веб Програмирање
- Adobe Photoshop
- Adobe Illustrator
- Corel Draw
- Auto CAD
- Solid Works
Во деталниот опис на курсот може да го погледнете бројот на часови (времетраење), ниво на курсот и групирања. Групите се формираат според возраста на посетителите на курсот. За да се формира група се потребни минимум двајца ученици, а максималниот број на групите е 6 ученици.
По завршувањето на курсот, сите посетители добиваат уверение за посета на одреден курс, а предвидено е тестирање и добивање сертификат за успешно совладан курс.