Во петокот одржавме работилница за деца од 6 до 10 години, која беше исполнета со многу забавно-едукативни игри. Во нашата двочасовна дружба игравме игри на англиски јазик, составувавме сложувалки, игравме меморија, пеевме, игравме, а најважно е дека ни беше забавно и исполнето. Научивме нови работи, наставничките на забавен несекојдневен начин нѐ поттикнаа да размислуваме креативно. Забавата продолжува следната сабота 03.02.2018, а пријавувањето е на телефон 079 210 615 до петок до 16:00 часот, бројот на местата е ограничен. Во продолжение можете да ја проследите и фото галеријата од нашата дружба:
Categories: БЛОГ



















































































0 Comments