Драги родители, дали слободното време ви звучи како луксуз? Дали во трката по подобар квалитет на живот сте принудени се помалку да се посветите на вашите деца кои се пренатрупани со домашни задачи во училиште? Кога последен пат бевте на прошетка, забавен парк?
Бидејќи постои се помалку поминато заедничко слободно време помеѓу родителите и децата, особено е значајно да се обрне внимание на квалитетот на тоа слободно време.
Од најрана возраст децата започнуваат со буквар и полека полека навлегуваат во светот на пишаниот збор. Со тек на годините коишто претстојат пред нас во образовниот циклус децата изучуваат најразлични предмети и добиваме многубројни информации.
Која е целта на образованието ( тој образовен циклус)?
Образованието има за цел да поттикнува на размислување, да создава љубопитство, да нè натера да читаме и да истражуваме. Но, имајќи го предвид работното време на поголемиот дел од родителите, како и обврските и активностите кои ги имаат училишните деца, може да се каже дека имаат се помалку слободно време, време во кое семејството може и треба квалитетно да го помине заедно со своите деца.
Потребно е родителите да бидат креативни и квалитетно да се дружат со своите деца.
Начинот на кој семејството го поминува слободното време влијае на детскиот развој, на неговото растење, самодоверба, развој на креативноста и социјалните вештини како и развој на интелектуалните способности.
Детето од предучилишна возраст може да биде со своите родители, само во случаите кога тие не се на работа, а детето од училишна возраст само кога тоа не е на училиште, а родителите се дома, а тоа не е секогаш лесно да се усогласи.
Родителите денес поради своите работни обврски ретко имаат доволно време да се посветат на своите деца онолку колку што тие сакаат.
Секој родител посакува неговото дете да напредува и да биде успешен во кариерата, а се свесни дека постојано мора да се развива и да учи нови работи.
Од големо значење е постоењето на неформалното образование кое е несомнено еден од најпродуктивните начини за дополнително усовршување и образование надвор од училишните клупи.
Таков алтернативен едукативен центар од областа на неформалното образование е Alt School.
Alt School нуди дневен престој за деца од прво до петто одделение каде што ќе можат квалитетно и корисно да го поминат своето слободно време пред или по завршувањето на училишните часови, а со тоа родителите ќе бидат ослободени од дел од обврските околу совладувањето и пишувањето на училишниот материјал. Во дневниот престој се пишуваат училишните домашните задачи, се учи и повторува училишниот материјал, учениците се подготвуваат за наредниот училишен ден. Со посебно внимание на секое дете се пружи помош при надминување на тешкотиите, во совладувањето на наставните содржини по одредени предмети, со помош на стручен наставен кадар, па така родителите поголемиот дел од слободното време може квалитетно да го поминат во игра, дружење и забава со своите деца, наместо пишување на домашните задачи.
За сите оние на кои им е потребна помош, кои заостануваат во совладувањето на наставниот материјал, стучниот наставен кадар од Алт Скул во една удобна и пријатна атмосфера е на располагање да ги насочат, да ги советуваат и да им помогнат на учениците. Наставниот кадар се труди смирено да ги решава проблемите со учениците, а тоа им помага тие да се опуштат и полесно да развијат љубопитство и интерес за наставните активности.
0 Comments