Креативните работилници кои ги организира Алт Скул секоја сабота се можност за Вашето дете низ игра и забава, во пријатен амбиент и комплетно опремен простор да ја изрази својата креативност, а за Вас родителите можност да завршите некои обврски во домот или да испиете едно кафе со пријателите без притоа да треба да се грижите дали Вашето дете е на сигурно. Нашите креативни работилници се уникатни и секоја наредна е различна од претходната, а задоволството на децата можете да го забележите веднаш по завршувањето на работилницата. Целта на нашите креативни работилници е да ги одмориме децата од обемниот материјал од училиште и во една двочасовна дружба да ја откриеме и развиеме детската имагинација и креативност.
Креативната работилница се одржува секоја сабота со почеток во 10:30 во просториите на Алт Скул. Времетраењето на работилницата е два часа. Вашето присуство мора да го најавите најдоцна до петок до 20:00 часот бидејки местата се ограничени. Плаќањето може да го извршите и онлајн на нашиот виртуелен пос терминал, каде што добивате попуст и имате можност за гратис учество после секоја четврта уплата.
0 Comments