Алт Скул организира курс за идните првачиња.
Применувајќи индивидуален пристап кон секое дете, осознавајќи ги неговите интереси, карактер, можности и потреби, стручниот тим од Алт Скул ќе помогне на вашето дете:
– да се развива низ игра;
– да комуницира слободно;
– да се научи на тимска работа;
– да се здобие со самодоверба и позитивна слика за себе и околниот свет;
– да ја развие својата креативност;

Цена: 1 500 денари
Времетраење: двапати неделно по 120 минути
Програма:
• Учење, пишување и препознавање на броевите
• Учење и пишување на македонската азбука;
• Креативни активности
• цртање, боење, сликање, сечење, лепење, моделирање;
• работа со природни материјали;
• работа со рециклирачки материјали;
• изработка на оригами;
• Истражувачки активности
• користење на лупи, хартија, ткаенина, магнет и други нагледни средства
• Игри прилагодени на возраста и интерактивни играчки кои поттикнуваат едукација
• Графомоторика
• пишување, препознавање и изработка од најразлични материјали нa видови линии (прави, коси, брановисни, испрекинати), кругови, полукругови…
• Караоке- музички изведби со микрофон во рака на омилените песни

Драги родители, запомнете дека предучилишната возраст е токму времето кога се раѓа активноста, љубопитноста и интересот на детето кон околниот свет, па дозволете ни без страв и со голем интерес и очекувањa вашето дете да зачекори кон следната фаза од развојот.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.