Почитувани ученици и родители. Најнапред сакаме да Ви се заблагодариме што одлучивте да го изберете Алт Скул.

Со нашиот индивидуален пристап кон секој ученик и според следењето на развојот и совладувањето на наставниот материјал од страна на учениците, со гордост може да кажеме дека нашата цел е остварена.

Помина една учебна година во која сите стекнавме нови знаења и искуства, а веќе е време да го официјализираме тоа што сме го научиле пред да започнеме со летните распусти. Со цел да го потврдиме нашиот успех, го променивме начинот на кој претходно функционираа курсевите за странски јазици, а со тестирањето ги менуваме и стандардите со што даваме поголема вредност на добиените дипломи за завршено одредено ниво на курс по странски јазик.

Со ова објава ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека најавеното тестирање го подместуваме за во среда, 05.06.2019, со цел да ги добиете дипломите за завршен курс пред официјалниот почеток на летниот распуст (10.06.2019). За термините за тестирање ќе бидете дополнително известени по смс порака.

За да го задржиме Вашето внимание за време на летниот распуст, организираме разни активности во кои може да земете учество и тоа:

  • Подготовка за првачиња
  • Дневен престој за ученици од I до V одделение
  • Креативни работилници
  • Курс за основни компјутерски вештини за деца (Информатика)
  • Курсеви за програмирање

Со почит, Алт Скул.

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.