По повод успешно завршената учебна 2018/ 2019 година , на 13.6.2019, четврток, организиравме свечен настан каде што во една пријатна и опуштена атмосфера доделивме благодарници и медали на нашите НАЈДОБРИ наставнички и дипломи за нашите ПРЕКРАСНИ ученици.
На почеток со кратко обраќање беа претставени сите наши наставнички и наградени со доделување на медал пред учениците и родителите кои беа присутни на настанот, потоа следуваше доделувањето на дипломите, сертификатите и благодарниците, а како изненадување на крај следуваше лотарија за присутните ученици.
Им честитаме на сите ученици за заеднички постигнатиот успех и им благодариме што ни ја доверија довербата и што беа дел од нашиот тим, па така во септември продолжуваме каде што застанавме, а дотогаш доколку имате слободно време и сакате активно да го поминете летото, повелете разгледете ја подолу нашата понуда за ова лето.
Честитки и за добитниците на наградите од лотаријата и тоа:
- трета награда, компјутерски звучници;
- втора награда, курс за основни компјутерски вештини за деца;
- прва награда, таблет.
ЛЕТНА ПОНУДА
За деца:
- Подготовка за првачиња
- Дневен престој за ученици од I до V одделение (подготовка за наредна учебна година)
- Креативни работилници
- Курс за основни компјутерски вештини за деца (9-14 години) во времетраење од 10 часа (1 месец), почеток 24.06.2019
За возрасни:
- Курс за Front End Developers, почеток 17.06.2019 (отворена е втора група, има нови слободни места)
- Курс за Back End Developers, почеток 01.07.2019
- Курс по германски јазик, почеток 01.07.2019
- Курс по грчки јазик, почеток 01.07.2019
Фото Галерија:







0 Comments