Денес нашиот едукативен центар официјално започна со новата учебна година. Први кои денес ги одработиа часовите беа дел од учениците од дневниот престој кои во релаксирана и опуштена атмосфера се дружеа, креираа и пишуваа. Насмевките на нивните лица и возбудата што се дел од Алт Скул беше тешко да не се забележи. Времето ни помина многу брзо, но пред нас е цела учебна година во која имаме уште многу да научиме, да се забавуваме, да другаруваме.
Распоред на важни тековни настани:
Наградни игри:
Две наградни игри се во тек, освојте една од нашите вредни награди:
- Секој запишан ученик учествува во извлекување кое ќе се одржи на 11-ти септември.
Прва награда: бесплатен курс по германски јазик за деца (цела учебна година)
Втора награда: бесплатен курс по англиски јазик за деца (цела учебна година)
Трета награда: таблет ST - Секој кој ќе сподели јавно фотографија од нашиот FB албум „Безброј причини зошто Алт Скул“ или целиот албум, учествува во извлекување каде што наградата е:
Бесплатен курс по грчки јазик за деца (цела учебна година)
Линк до албумот од кој треба да споделите фотографија (или цел албум) на FB
Уписи:
- Почеток на курсевите по странски јазици: 11-ти септември.
Уписи по странски јазици до 13-ти септември (англиски, германски, француски, шпански и грчки). - Уписи за IT курсеви до 30-ти септември (основни компјутерски вештини, основи на програмирање, FrontEnd програмирање и BackEnd програмирање).
- Уписи во дневен престој
Ви посакуваме успешна учебна година. Ваш Алт Скул.
0 Comments